Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието, во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Федерацијата во согласност со овој Статут.
Извршниот одбор го сочинуваат претседателите на Клубовите и претседателот на Стручниот совет.
Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае четири години, со можност на повторен избор.
Извршниот одбор има Претседател и заменик претседател кој го избира Собранието од редот на претседателите на Клубовите, со мандат од 4 години, со можност на повторен избор.
Претседателот на Извршниот одбор е и претседател на Собранието и претседател на Федерацијата.