До 

Државната Комисија за одлучување во управна постапка

и постапка од работен однос во втор степен – Скопје

 ПРЕКУ

Минстерство за спорт

 Ж А Л Б А

Од Федерацијата за гимнастички спортови на Република Македонија – ФГСРМ, преку Љупчо Арнаудов – законски застапник и претседател на ФГСРМ

 

Против: Решение од Инспекциската служба одделение за инспекциски надзор во спортот при Министерството за спорт, ИП. 1 бр. 14 1147/3 од 27.06.2025 г. (на ст. 3 во 6-от пасус и во последната реченица на истата страна од Решението, наведена е погрешна година на спроведување на надзорот и донесување на Решението, односно наместо 2025 г., наведена е 2026 г.).

Со горенаведеното Решение, на Федерацијата за гимнастички спортови на Република Македонија (во натмошниот текст Федерацијата) изречена е инспекциска мерка – Опомена и истата (т.1 ал.1. 2 и 3 од Решението) се задолжува:

Незадоволна од донесеното Решение, благовремено и во законски рок Федерацијата преку нејзиниот законски застапник, поднесува Жалба против горенаведеното Решение заради :

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 Надзорниот орган на државната управа во текот на спроведувањето на инспекцискиот надзор, воопшто не ги ценел и земал во предвид приложените докази од Федерацијата, што неспорно посочува на непочитување на правото на еднаквоста на странките во постапката предвидено во Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор, заради што и погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба.

Воедно, државниот орган на управа кој го спороведувал инспекцискиот надзор воопшто не ги земал во предвид одредбите од Статут на Федерацијата, кои се круцијални и пресудни за материјата кој била предмет на инспекциски надзор, а во исто време погрешно и неправилно ги толкувал одредбите од Законот за спортот, заради што еднострано и погрешно го применил правото.

Така, во однос на наведената обврска од т. 1 ал. 1 од Решението дека Федерацијата треба „Да организаира и спроведува систем на натпревари согласно член 10 ст.3 ал.1 и член 14 ст.1 ал. 4, во однос на член 11 ст. 2 од Законот за спортот“, неспорно од приложените и доставени документи во текот на инспекцискиот надзор, може да се констатира дека Федерацијата, секоја година, непрекинато и во континуитет организира и спроведува систем на натпревари согласно наведените членови од Законот за спорт, така што наведената забелешка е неаргументирана и невистинита  (Прилог: Листа на одржани натпревари во текот на 2024 година).

Во однос на забелешката од т.1 ал.2 од наведеното Решение дека Федерацијата треба „Да направи попис на здружените членки од член 11 ст.9 ал.5 од спортските клубови кои учествуваат во системот на спортски натпревари на националната спортска федерација од член 10 ст.1 ал.5, здружени согласно член 14 ст. 1 и имаат добиено решение од органот на државна управа надлежена за работит од областа на спортот од член 11 ст. 2 од Законот за спортот“, исто така, претставува неаргументирана и неоснован забелешка.

Имено, водењето и ажурирањето на евиденции за легитимните членки на Федерацијата е Conditio sine qua non во работењето на Федерацијата, како во поглед на планирањето и изготвувањето на годишни програми за натпревари, така и во поглед на непосредното спроведување на натпреварите (обезбедување сместување на учесниците на натпреварите, број на учесници, дисциплини и број на такмичари по секој дисциплина, потребен број на судии, тренери итн), а уште повеќе, доброволно здружените членки во Федерацијата, согласно Статутот на Федерацијата, се непосредни учесници во изборот на сите претставнички, управни и други тела на Федерацијата.

Во однос на забелешката дека Федерацијата нема (точна и ажурирана) евиденција и дека има нелегитимни членки (КГС Партизан од Прилеп, КГС Соколи од Неготино, КГС Партизан од Гевгелија, КГС Партизан од Струмица, КГС Срни од Кавадарци и КГС Партизан од Штип), фактичката состојба е сосема спротивна на изнесената неаргументирани забелешки.

Имено, секој спортски клуб кој е членка на Федерацијата ги исполнил условите од Законот за спортот и само на таков начин можел да стане членка на Федерацијата, при што обврската на клубот за добивање решение за бавење со спорт од органот на државна управа надлежен за работите од областа на спортот е обврска на самиот клуб и секој клуб таа обврска ја решавал во различни временски периоди (при нивната регистрацијата како клубови) и по добивањето на истото решение, клубовите немаат законска обврска да бараат секоја година повторно решение за бавење со спорт, оттаму сосема е погрешна констатацијата дека КГС Партизан од Прилеп (и другите наведени клубови: КГС Соколи од Неготино, КГС Партизан од Гевгелија, КГС Партизан од Струмица) нема валидно решение за вршење на дејност спорт, односно дека има Решение кое е донесено врз основ на Законот за спорт (од 2001) кој е вон правна сила.

De lege lata, откако клубовите го добиле решението за бавење со спорт и доброволно се здружиле во Федерацијата, истите немаат законска обрска секоја година да го обновуваат истото решение, освен доколку низ законска постапка (чл.12) се констатира дека клубот не ги исполнува условите од чл. 10 (и други) од Законот за спорт и при тоа му биде поништено решението за вршење дејност спорт (истото се однесува и на Федерацијата), така што, се дотогаш истиот ќе се смета за легитимна и полноправна членка на Федерацијата.

Исто така, погрешна е констатацијата дека КГС Срни од Кавадарци и КГС Партизан од Штип, заради тоа што не учествувале во организиранит систем на натпревари на Федерацијата во последните две години, автоматски го изгубиле правото на постоење како гимнастички спортски клуб, имајќи предвид дека поништувањето на решението за дејноста спорт се остварува низ законска постапка согласно чл. 12 од Законот за спортот, а уште повеќе имајќи предвид дека „Ковид кризата“ (2020 до 2022 г.) значително негативно влијаеше во состојбите во гимнаститката како и секаде во светот, а посебно во т.н. тактилни и непосредни спортови, па оттаму двегодишното неучество во ситемот на натпревари не значи и трајна и непоправлива состојба.

Уште повеќе, легитимниот статус на спортски клуб, некои од горенаведените спортски клубови го обезбедуваат преку учество во организиран систем на спортско-рекреативни активности (чл. 10.ст.1 ал 5 од Законот за спорт), што е исто така исполнување на законскиот услов за вршење на дејност спорт, па оттаму сосема е очигледно дека инспекцискиот орган погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба.

Федерацијата е во непосреден и секојдневен контакт со спортските клубови и здруженија кои се нејзини легитимни членки и всушност само на таков начин Федерацијата може(ла) секоја година успешно да организира и спроведува систем на натпревари и спортско-рекреативни активности, а за да ја исполни таа обврска Федерацијата неминовно мора(ла) да води точна и ажурирана евиденција на нејзини легитимни членки.

            Во однос на забелешката (т.1 ал.3 од Решението) дека Федерацијата мора: – „Да одржи Изборно собрание, сочинето согласно чл. 14-а ст.2 од Законот за спортот, од спортските клубови кои: учествуваат во организиран ситем на спортски натпревари на националната спортска федерација согласно чл. 10 ст.1 ал. 5, здружени согласно чл. 14 ст.1 и имаат имаат добиено решение од органот на државна управа надлежена за работит од областа на спортот од член 11 ст. 2 од Законот за спортот, а лицето што ја претставува националната спортска федерација да ибиде избрано со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Собранието на федерацијата согласно чл. 14 ст.6 и лицето кое ќе биде избрано за претставни на националната спортска федерација да нема повеќе од два четиригодишни мандати последователно согласно чл. 14 ст.7 од Законот за спортот.“ – истото, неспорно претставува грубо и брутално мешање во независноста и автонимијата на работењето на Федерацијата.

Имено, Федерацијата има Статут и во тој највисок правен акт за правните лица („Мал Устав“) се содржани сите правила за постапката и начинот на избор на сите претставнички, управни и други раководни и стручни тела на Федерацијата.

Воедно, непримерно е (и незаконито) орган на државна управа да одредува кои од постоечките легитимни гимнастички спортски клубови – членки на Федерацијата имаат право на глас, односно може да бидат членови на Собранието на Федерацијата, а во исто време, истиот државен  орган на управа нема донесено ниту едно решение за престанок на вршење на дејност спорт на некој од наведените гимнастички спртски клубови кои, се дотогаш, се легитимни членки на Федерацијата со подеднакво право да бираат и да бидат избрани во кој било орган на Федерацијата, така што Федерацијата не може и не смее да применува други одредби освен оние кои се содржани во Стаутот на Федерацијата, а кои се однесуваат на начинот на избор на нејзините претставнички и управни органи и тела.

Воедно, не е точна констатацијата дека од 10.06.2025 г., Федерацијата нема извршено избор на лице кое ја претставува Федерацијата.

Имено, на 09.06.2025 г. (еден ден пред истекот на мандатот на дотогашниот претседател)  Федерацијата распиша јавен конкурс за кандидати за избор на претседател на Федерацијата, на кој се пријавија двајца кандидати и постапката за избор заврши на 27.06.2025 г., кога од страна на Верификационата Комисија беше констатирано дека досегашниот преседател Љупчо Арнаудов е повторно избран (со 20 гласови за и 6 гласови за вториот кандидат) за претседател на Федерацијата (во прилог – Записник од Верфикационата Комисија).

Изборот на Љупчо Арнаудов е извршен согласно одредбите од Статутот на Федерацијата, според кои не постои ограничување во поглед на бројот на последователните мандати на лицето кое се избира да ја претставува Федерацијата, за разлика од ограничување на најмногу два последователни мандати, што е предвидено во Законот за спортот.

Заради наведеното, на одржанато седница на Собранието на Федерацијата и одржаната седница на Извршниот одбор на Федерацијата во Неготино во 2024 г., Извршниот Одбор на Федерацијата донесе Одлука да се пристапи кон изготвување на измени на Статутот на Федерацијата и меѓу другите измени, предвидено е промена на Статутот на Федерацијата во насока на усогласувања со Законот за спорт, токму во врска со истата правна материја.

Предог-измените (заедно со други измени) на Статутот се во завршна фаза на изготвување и истите ќе бидат доставени до сите членки на Федерацијата, кои ќе бидат предмет на дискусија и гласање на седниците на Извршниот Одбор и Собрание на Федерацијата, кои се планираат да се одржат во септември 2025 г.

Воедно, Федерацијата беше и сеуште ѐ во интезнзивни контакти (од 2021 г.) со Европската Федерација за гимнастика (и други меѓународни спортски институции и донатори) во насока на обезбедување финансиска и техничка  помош за изградба на репрезентативна (и централна) гимнастичка сала во Македонија која ги задоволува меѓународните и европски стандарди за одржување на гимнастички спортски натпревари, меѓутоа, за жал оваа иницијатива која беше поздравена и поддржана од Европската федерација за гимнастика, не беше одобрена и поддржана од домашните структури на власт, така што и до денес Македонија нема гимнастичка сала за изведување на меѓународни гимнастички натпревари.

Со цел да се обезбеди нормално и привремно функционирање на гимнастичките спортски активности, Федерацијата планира во текот на 2025 г., со сопствени финасиски средства, да реновира и оспособи најмалку една (до две) гимнастичка сала во која би можело да се спроведуваат предивдените и планирани гимнастички натпревари.

 

Поради сето претходно наведено, предлагаме горенаведениот орган по разгледување на поднесена Жалба да го донесе следново

 

Р Е Ш Е Н И Е

 СЕ УСВОЈУВА ВО ЦЕЛОСТ ЖАЛБАТА поднесена од Федерацијата за гимнастички спротови на Република Македонија.

СЕ ПОНИШТУВА Решението од Инспекциската служба одделение за инспекциски надзор во спортот при Министерството за спорт, ИП. 1 бр. 14 1147/3 од 27.06.2025 г.

14.07.2025 година                                                                   Федерација за гимнастички спортови на          

      Битола                                                                                                     Република Македонија

                                                                                                          Претседател:  Љупчо Арнаудов

                                                                                                                     

 

                                                                                                                  

Прилог :

– Листа на одржани натпревари во текот на 2024 г.

– Записник од Верификационата Комисија на Федерацијата од 27.06.2025 година