Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Федерацијата за гимнастички спортови на Република Северна Македонија (ФГСРМ) ги известува сите клубови дека на 31 мај 2025 година, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи Државното првенство во спортска гимнастика (жени) – Б-програм.

Натпреварот ќе се одржи во салата на КГС Партизан Прилеп, а како домаќин на овој значаен настан ќе биде КГС Соколи Прилеп.

По подолго време, љубителите на спортската гимнастика во Прилеп ќе имаат можност да уживаат во овој извонреден спортски настан.

Канцеларија на ФГСРМ