
Се известуваат сите клубови, претседатели и членки на ФГСРМ дека, поради завршување на четиригодишниот мандат на актуелниот претседател Љупчо Арнаудов, се распишува:
Оглас за избор на нов Претседател на Федерацијата на гимнастички спортови на Република Северна Македонија (ФГСРМ)
📌 Поднесување кандидатури:
Сите заинтересирани кандидати за функцијата Претседател на ФГСРМ може да ја достават својата кандидатура електронски на официјалната е-пошта:
Својата кандидатура и предлог од клубот кој го поддржува кандидатот, клубовите можат да ги достават најдоцна до 26.06.2025 година.
✅ Постапка за избор:
Изборот на нов Претседател ќе го спроведе верификациската комисија при ФГСРМ.
Канцеларија на ФГСРМ
Претседател:
Љупчо Арнаудов