Македонската репрезентација во женска спортска гимнастика веќе интензивно тренира во Осиек, каде се одвиваат последните подготовки за учество на Младинските олимписки игри.

Во репрезентативниот состав се:
🔹 Нина Гуговска
🔹 Мила Здравсковска
🔹 Елена Треневска

Тренер на репрезентацијата е Марица Штрбац, која со своето долгогодишно искуство ги води гимнастичарките низ финалната фаза од подготовките, со фокус на прецизност, самодоверба и стабилност во изведбата.

Девојките тренираат во одлични услови и покажуваат огромна мотивација и спортски дух. Нивната посветеност, труд и дисциплина се одраз на сериозниот пристап кон ова големо натпреварување.

Со голема гордост и поддршка, им посакуваме успешен настап и достојно претставување на нашата земја!