Македонската женска гимнастичка репрезентација веќе активно тренира во тренинг-салата во Осиек каде се одржуваат последните подготовки пред почетокот на Младинските олимписки игри.

Тренинзите се реализираат во врвни услови, под раководство на стручен тренерски тим, со цел финализирање на техничките детали, стабилизирање на рутините и ментална подготвеност за натпреварувачкиот настап.

Нашите млади гимнастичарки покажуваат исклучителна посветеност, дисциплина и спортски дух, гордо носејќи го македонското знаме и стремејќи се кон најдобри резултати.

Горди сме на нивната работа и им посакуваме успешно и достоинствено претставување на игрите!