Желбата на Министерот за Спорт Борко Ристевски

Салата беше донација на Француската Држава веднаш по земјотресот. Многу генерации поминаа тука, бидејќи тука беше сместено Гимнастичкото друштво ДТВ Партизан. Државните Првенства се одржуваа тука.
Седиштето на Федерацијата за Гимнастички Спортови беше во тие простории сè до 2004 година кога беше преселено во Битола со промената на Претседателот Зоран Ѓорѓоски со актуелниот Претседател Љупчо Арнаудов.
Главни ликови во оваа сала беа Јован Раичковиќ, Крле, Мисајловски и други, и се грижеа повеќе од 70 години да функционира таа сала.

Едно време помина во јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти каде ја доживеа својата пропаст.
Стана рушевина и дувло на наркомани.
Сега кога се изгради од страна на Општина Карпош и Градоначалникот Јакимовски, се јавија апетити од страна на Министерот за спорт Борко Ристески.
Од интервјуто на Градоначалникот, слушнавме дека сакате кафана да направите.

Нели доста сали се уништија, а како пример и Соколаната во Битола, која беше единствен центар за Гимнастика, со прст не мрднавте, кога заедно со Градоначалникот Коњановски ја затворивте пак за такви интереси иако од моја страна бевте известени дека Општината сака да ја затвори салата и да ја даде исто за вакви работи.

Не играјте си со спортот, туку зафатете се со решавање на проблеми.
Спортот е на колена, клубовите кубурат со средства, а федерациите не можат своите планови да ги остварат со организирање натпревари.
Откако сте министер, колку средства имате дадено во федерации и клубови? Само еднаш распределба, минимална и толку.

Мислите сликањето по базени и камен-темелници ќе го подобри спортот?
Едно треба да знаете: дека во спортот, на клубовите и федерациите им требаат ФИНАНСИСКИ средства, а не социјални.
Апетитите за салите да ги претворате во кафичи или кафани – заборавете.

Спортот не се роди со вас, ниту пак ќе заврши со вас.
Вие сте едно големо ПРОМАШУВАЊЕ на Премиерот што ве стави Министер за Спорт, и вие треба да бидете првата реконструкција на Владата.

И на крај, нели е срамота, за една држава да нема сала опремена со сите реквизити за Гимнастика?
И да ве потсетам дека Македонија е домаќин на Олимписки Младински Игри, а пошто нема во Македонија сала опремена со реквизити, натпреварот ќе биде во Осиек, Р. Хрватска.
Со 300.000 евра колку што побара ЕУГ ќе имавме два комплета најнови справи, каде што салата во Куманово беше посочена како опција.

Ме повикавте во Министерство и ми се заканувавте, дека не сум направил сала, и дека ќе ме смените мене и целиот Управен одбор, и дека ќе поставите ваши луѓе.
Кои се тие ваши луѓе, а кои сме ние?
Јас сум единствен претседател кој за својот клуб купив справи со лични средства, каде на нив се одржуваат домашни првенства и меѓународни.

Можете да плукате по мене, ама вистината боли.
За овие напади кои ги вршите преку вашите инспектори за спорт, ќе бидат известени и Меѓународните Институции – FIG, EUG, МОК и Меѓународниот Олимписки Комитет, како и Владата на Р.Македонија.

Со почит,
Претседател на ФГСРМ
Љупчо Арнаудов