Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Управниот одбор на Федерацијата за Гимнастички Спортови на Република Северна Македонија, на својата седница одржана на 06.04.2024 година во Неготино, го потврди предлогот на Дисциплинската комисија, со 9 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ, и ги донесе следниве одлуки:

  1. Здружението ”Салто” да не може да учествува во систем на натпревари, и да добие потврда за учество во натпревари што ги организира ФГСРМ.
  2. Тренерот Николина Главеска, да биде исклучена од сите функции во КГС Партизан и во Федерацијата за Гимнастички Спортови на Република Северна Макединија.
  3. Тренерот Николина Главеска, да и се забрани водење и учество на екипи на натпревари во ниеден клуб во организацијата на ФГСРМ.
  4. На натпреварувачот Иван Крстевски да му се забрани учество на натпревари во било кој клуб во организацијата на ФГСРМ
  5. Овие одлуки стапуваат во сила веднаш.

 

Претседател на ФГСРМ

Арнаудов Љупчо