Европската гимнастика информира дека секоја промена во раководството на Национална гимнастичка федерација може да биде признаена исклучиво по официјално известување доставено до претседателот, генералниот директор или канцеларијата на Европската гимнастика.
Таквото известување мора да биде проследено со соодветна документација, која мора да вклучува:
-
записник од Генерално собрание,
-
официјално писмо потпишано од поранешниот претседател,
-
информации доставени преку официјалните комуникациски канали на Националната федерација.
Во случај кога нема официјално известување и релевантна документација, Европската гимнастика ги зема предвид информациите што ѝ се официјално познати на Светската гимнастика (Fédération Internationale de Gymnastics – FIG).
Согласно податоците на FIG, од 23 јануари 2026 година, за претседател на Федерацијата на гимнастички спортови на Северна Македонија се признава г-дин Љупчо Арнаудов.
Европската гимнастика љубезно потсетува дека не е во позиција да се меша во внатрешните работи на Националните федерации.
