Канцеларијата на Федерацијата за гимнастички спортови на Република Македонија нема да работи поради користење на годишен одмор, како и поради вклученост во организацијата на Европските младински олимписки игри, кои ќе се одржат во Осиек, Хрватска, од 20 јули 2025 година.
Нашата репрезентација, заедно со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе отпатува за Осиек на 16 јули, каде што, како домаќини со поддршка од Македонскиот олимписки комитет, ќе бидат организатори на сите натпревари во гимнастика.
Овие натпревари се префрлени во Осиек поради тоа што во Македонија за жал не постојат соодветни сали и услови за одржување на ваков тип на меѓународни гимнастички натпревар.
Сите други спортски натпревари во рамки на игрите ќе се одржат во Скопје и Куманово.
Затоа, ве известуваме дека канцеларијата на ФГСРМ нема да работи во тој периодот и од 30 јули до 5 август 2025 година пореди користење на годишен одмор.
Ви благодариме на разбирањето.
Канцеларија на ФГСРМ