Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Големо натпреварување претстои за македонската репрезентативка во ритмичка гимнастика, Илина Соколова, членка на КГС Партизан Битола. Таа ќе ја претставува Македонија на Европскиот куп, кој ќе се одржи од 1 до 4 мај во Баку, Азербејџан, каде што ќе се соочи со силна конкуренција.

Дополнително, од 20 април до 5 мај, Илина ќе биде на подготовки во Баку, што е овозможено од Федерацијата за гимнастички спортови на Република Северна Македонија (ФГСРМ).

И посакуваме успешни подготовки и одличен настап на претстојниот Европски куп!

Канцеларија на ФГСРМ