На 31 мај 2025 година, во салата „Орце Николов“ во Скопје, успешно се одржа Државното првенство во спортска гимнастика, во организација на Федерацијата на гимнастички спортови на Република Македонија (ФГСРМ).
На натпреварот учество земаа повеќе од 180 гимнастичари и гимнастичарки од клубови од целата земја, кои со голема посветеност и ентузијазам ги презентираа своите вештини и достигнувања. И покрај ограничените услови за работа и недостигот од спортски сали, љубовта кон гимнастиката и трудот на тренерите и натпреварувачите беа очигледни.
Ова првенство го одбележа и присуството на гости од Косово, со што се зацврсти регионалната соработка и спортското пријателство меѓу гимнастичките федерации.
Натпреварот помина во фер и спортска атмосфера и заврши без никакви инциденти, на задоволство на сите учесници, тренери, судии и публика.
Им честитаме на сите натпреварувачи за нивниот труд и спортски дух!
Со почит,
Претседател на ФГСРМ
Љупчо Арнаудов
