Собранието е највисок орган на Федерацијата.
Собранието го сочинуваат претседателите на Клубовите, и претседателите на стручните одбори на клубовите. Мандатот на членовите на Собранието изнесува четири години. Собранието избира претседател на Собранието од редот на претседателите на Клубовите, кој истовремено е и птертседател на Извршниот одбор и претседател на федерацијата. Собранието избира и заменик претседател на Собранието.
На Собранието можат да се повикуваат и да присуствуваат, без право на одлучување, и претставници на органите на управата надлежни за областа на спортот, предучилишните и училишните установи, претпријатијата и опшествените организации од областа на спортот и од субјектите заинтересирани за унапредување и развој на програмските активности што ги спроведува Федерацијата.
Членовите на Собранието на Федерацијата за својата работа одговараат пред членовите на Клубовите и Федрерацијата.
Собранието се состанува по потреба а најмалку еднаш годишно, по правило во месец јануари. Изборно собрание се одржува секоја четврта година.