Среќни и благословени Божиќни и Новогодишни празници!
Почитувани членови на Федерацијата за гимнастички спортови на Република Северна Македонија, Во овој свечен момент, кога ја затвораме една година исполнета со предизвици и успеси, ви упатуваме најтопли честитки за Божиќ и Новата Година! Нека овој период биде исполнет со љубов, мир и топлина, и нека сите ваши желби се исполнат, како и вашите соништа […]
Честитки на Илина и Ева за одличните резултати на Luxembourg Cup!
Нашите млади гимнастичарки, Илина и Ева, блеснаа на престижниот Luxembourg Cup и постигнаа фантастични резултати! Илина се истакна со извонредни изведби во сите дисциплини, освојувајќи 8. место во All Around — значаен успех кој ја потврдува нејзината посветеност и талент. Таа се квалификуваше за сите финалиња и во истите ги постигна импресивните резултати: 7. место […]
Луксембург 2024
Нашите репрезентативки, Илина и Ева Соколови, ќе ја претставуваат Македонија на престижниот натпревар во Луксембург од 21 до 23 декември 2024 година. Како членови на КГС Партизан Битола и претставнички на ФГСРМ, тие ќе носат со гордост и достоинство македонското знаме на меѓународната сцена. Им посакуваме многу среќа, сила и успех! Среќно, девојки! Македонија верува […]
Започна конгресот на Светската гимнастичка федерација
Македонската гимнастичка федерација учествува на конгресот на Светската гимнастичка федерација, кој се одржува во Доха, Катар. На овој значаен собир, ќе се избира нов претседател на федерацијата со четиригодишен мандат. Нашата делегација е претставена од претседателот Љупчо Арнаудов и од Хелена Штрбац, надворешен соработник за меѓународни односи. Учеството на Арнаудов и Штрбац на конгресот има […]
Втор државен натпревар
Вториот државен натпревар во гимнастика за 2024 година, што се одржува на 19 и 20 октомври во Скопје, собра 97 натпреварувачи кои се натпреваруваат во Б-лигата. Овој настан е важен дел од календарот за гимнастичарите во земјата, давајќи им можност да ги покажат своите вештини и да се натпреваруваат на високо ниво. На 19 октомври […]
Втор државен натпревар
Почитувани клубови, вториот Државен натпревар во А и Б -програма, организиран одстрана на ФГСРМ ќе се одржи на 19 и 20 октомври 2024 година во КГС Партизан Орце Николов-Скопје,со почеток во 09:00 часот. Б-Програма ЖСГ 19.10.2024 година -(деца до 7 год,пионерки 8-9год, постари пионерки 10-11 год,млади јуниорки12-13год, јуниорки 14- 15 и сениорки ) А- програма […]
Балканското првенство во Софија 2024
Нашите претставнички на Балканското првенство во Софија, Надја Трпкоска и Нина Гугова, членки на КГС Партизан Орце Николов Скопје, денес пристигнаа во Софија и се подготвуваат за својот прв тренинг. Според нивниот тренер, Петар Стојановски, тие се во врвна форма и целосно подготвени за овој значаен настан. Им посакуваме многу среќа и успешни настапи. Ве […]
Балканско Првенство во Ритмичка Гимнастика: Будва 2024
Будва, Црна Гора, ќе биде домаќин на големото Балканско првенство во ритмичка гимнастика. Ова е вторпат кога Будва ја има честта да биде домаќин на овој престижен настан. Организацијата, предводена од Федерацијата на Црна Гора, со посебен акцент на ангажманот на претседателката Весна Радониќ, ветува уште едно успешно првенство. Нашата репрезентација ќе ја сочинуваат Илина […]
Избор на кандидати за извршните тела на ФИГ од страна на УЕГ
На 6 септември, во Будимпешта, се одржа состанокот на Федерациите-членки на УЕГ, на кој беше разгледан изборот на претседател на ФИГ, како и членовите на извршниот одбор на ФИГ. За Европската гимнастичка федерација, важно е да имаме повеќе наши претставници. Поради здравствени проблеми на претседателот Љупчо Арнаудов, наш претставник на состанокот беше Хелена Стрбац, која […]
Известување
Почитувани Од 4 до 8 септември во Будимпешта ќе се одржи Собрание на Европската федерација за гимнастички спортови, на кое ќе учествува претседателот на Македонската федерација за гимнастика, господин Љупчо Арнаудов. На оваа средба, господин Арнаудов ќе ги претстави актуелните проблеми со кои се соочува Македонската федерација, особено во врска со единствената опремена сала во […]