Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Врз основа на член 5, 20, 72 и 76 од законот за здруженијата на граѓани и фондациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.31 од 2 јули 1998 година), член 10, 14 и 82 од законот за спорт („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2002 и член 69, став 3 од Статутот на Сојузот на гимнастичките спортови на Република Македонија, Собранието на сојузот на гимнастичките спортови на Република Македонија, на седницата одржана на ден 2.12.2002 година донесе

СТАТУТ
НА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА ГИМНАСТИЧКИТЕ СПОРТОВИ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Федерацијата на гимнастичките спортови на Република Северна Македонија, е здружение на граѓани настанато со здружување на Клубовите за гимнастички спортови во Република Македонија, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности кои се стремат кон развивање, организирање, поттикнување, пропагирање, збогатување, негување, популаризирање, унапредување и реализирање на најразновидни форми, содржини и методи на работа во гимнастиката и гимнастичките спортови кај граѓаните од сите возрасти во Република Македонија, со цел во гимнастиката и гимнастичките спортови да се постигнат врвни спортски резултати, како и да се задоволат основните интереси на учесниците во оваа област.
Федерацијата своите цели и задачи ќе ги остварува во согласност со Уставот на Република Македонија, Законот, особено Законот за спорт, овој Статут општите и другите акти што ќе ги донесе.
Името на Федерацијата е: ФЕДЕРАЦИЈА НА ГИМНАСТИЧКИТЕ СПОРТОВИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Скратен назив е ФГСРМ.
Седиште на федерацијата е во Битола на улица „Партизанска 25“. и во други градови. Федерацијата се организира и делува на подрачјето на Република Македонија и пошироко. Федерацијата се здружува и е член на Македонскиот олимписки комитет, како и сите меѓународни институции и асоцијации во областа на гимнастиката и гимнастичките спортови.