Федерацијата на гимнастички спортови на Северна Македонија (ФГСРМ), во интерес на транспарентноста, правната сигурност и заштитата на гимнастичкиот спорт, го дава следното појаснување во врска со легитимитетот на нејзините раководни органи, претседателството и дејствијата на поединци кои во јавноста се претставуваат како овластени лица.

1. Основи на легитимитет и правно дејство

Согласно Статутот на ФГСРМ, Законот за спорт и општите принципи на спортската автономија, раководните органи на Федерацијата можат да произведуваат правно дејство само доколку се избрани и функционираат во строго пропишана постапка, со:

Секое отстапување од овие принципи го доведува во прашање правниот ефект на донесените акти.

2. Став и практика на Европската и Светската гимнастика

Европската гимнастика јасно укажува дека не признава промени во раководството на националните федерации без:

Во случаи кога вакви документи не се доставени, Европската гимнастика ги зема предвид податоците што ѝ се официјално познати на Светската гимнастика (FIG).

Согласно тие податоци, од 23 јануари 2026 година, Светската гимнастика (FIG) го признава г-дин Љупчо Арнаудов како претседател на ФГСРМ.

Известување од Европската гимнастика – Unleash the athlete within you with gymnastics.

3. Одлука на Спортскиот арбитражен суд при олимпискиот комитет на Република Северна Македонија

Дополнително, Спортскиот арбитражен суд при Олимпискиот комитет на Република Северна Македонија донесе одлука со која:

Со оваа одлука се потврдува дека г-дин Љупчо Арнаудов е официјален и легитимен претставник на Федерацијата, а сите спротивни дејствија немаат правно дејство. Спортски арбитражен суд

На основ на оваа одлука се преземени сите правни мерки за спречување на злоупотреби од стана на поединци и нанесување на штета на Федерацијата како на локално така и на меѓународно ниво.

4. Дејствија поврзани со Петар Стојановски

Во јавноста се појавија документи и покани за одржување собранија, потпишани од Петар Стојановски, во својство што не е усогласено со важечките статутарни и правни акти на Федерацијата.

Во таа насока, ФГСРМ јавно објави, како што имаше направено и претходно Јавна опомена до Петар Стојановски,  како претседател на К.Г.С. „Партизан“ Орце Николов, со која се укажува дека:

Оваа опомена има за цел да ја заштити правната сигурност на Федерацијата, клубовите и спортистите, како и да спречи дезинформации и институционална конфузија.

5. Правен ефект на нелегитимни собранија и одлуки

ФГСРМ јасно укажува дека:

немаат правно дејство, не се обврзувачки и не можат да бидат признаени ниту на национално, ниту на меѓународно ниво.

6. Заложба на Федерацијата

Федерацијата на гимнастички спортови на Северна Македонија останува целосно посветена на:

Ова појаснување е дадено со цел навремено и целосно информирање на јавноста и спречување на погрешни толкувања поврзани со функционирањето на Федерацијата.