Врз основа на одлуката (актот) на Спортскиот арбитражен суд при Олимпискиот комитет на Северна Македонија, се потврдува дека националните спортски федерации се должни да постапуваат согласно Статутот на ОКСМ, Статутот на ИОК и Олимписката повелба, со целосно почитување на принципите на автономија и добро управување.
Во одлуката јасно се утврдува дека легитимитетот на раководните тела произлегува исклучиво од избори спроведени согласно статутарните одредби и дека секое постапување спротивно на истите не може да произведе правни последици.
Со овој акт се докажува дека досегашниот претседател бил сменет од функцијата на спротивстатутен и нелегитимен начин, со елементи на насилно постапување, спротивно на важечките правила.
Воедно, се констатира дека Љупчо Арнаудов е официјален претставник на Федерацијата на гимнастички спортови на Северна Македонија.

Gimnasticka – mislenje sportsko arbitrazen sud