На ден 23.08.2025 година, во просториите на КРЦ Дојран, се одржа редовното годишно собрание на Федерацијата на гимнастички спортови на Република Северна Македонија (ФГСРСМ).
На собранието присуствуваа претставници од клубовите членки, каде што беа разгледани и усвоени повеќе важни точки и документи за натамошното функционирање на Федерацијата.
На дневен ред се најдоа:
-
Усвојување на записникот од претходното собрание;
-
Дополнување на Статутот согласно Законот за спорт;
-
Известување за новонастанатата состојба и соработката со Министерството за спорт;
-
Информација за одговорот на тужба од страна на ФГСРСМ кон Министерството за спорт;
-
Предлози и мерки кои треба да се преземат во однос на актуелните состојби;
-
Информација за младинските олимписки игри што се одржаа во Хрватска, Осиек.
Со ова собрание се донесоа важни одлуки и акти кои ќе придонесат за унапредување на гимнастичките спортови во нашата земја и за зајакнување на улогата на Федерацијата во спортскиот систем на Република Северна Македонија.