Големиот Европски Куп во Ритмичка Гимнастика – Баку 2025 е веќе на прагот, а Македонија гордо ќе ја претставува нашата талентирана репрезентативка Илина Соколова.
Благодарение на поддршката од Гимнастичката Федерација на Македонија, Илина од следната недела заминува на интензивни подготовки во Баку, Азербејџан, каде ќе се подготвува за овој престижен спортски настан. Таа ќе остане таму сè до одржувањето на натпреварувањето, кое ќе се одржи од 1 до 4 мај.
Илина со својата посветеност, дисциплина и страст кон ритмичката гимнастика веќе ги освои срцата на македонската публика, а сега ќе има шанса да ги покаже своите вештини и на европската сцена.
Им посакуваме успешни подготовки и многу среќа на Илина и нејзиниот тим – Македонија е со вас!
