Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Нашите млади гимнастичарки, Илина и Ева, блеснаа на престижниот Luxembourg Cup и постигнаа фантастични резултати!

Илина се истакна со извонредни изведби во сите дисциплини, освојувајќи 8. место во All Around — значаен успех кој ја потврдува нејзината посветеност и талент. Таа се квалификуваше за сите финалиња и во истите ги постигна импресивните резултати: 7. место со хулахоп и топка, и 6. место со чуневи и лента. Ова е вистински показател за нејзиниот напредок и голем потенцијал!

Ева исто така направи одличен настап, освојувајќи 6. место во All Around, што е доказ за нејзината упорност, дисциплина и извонредна вештина.

Честитки на Илина и Ева за овие извонредни резултати! Нивниот труд, посветеност и континуирана работа веќе носат прекрасни плодови, а ова е само почеток на нивниот успешен пат. Ние сме горди на нив и на сите тренери, родители и поддржувачи кои ги поддржуваат во нивните напори.

Продолжете со напорната работа, и успехот нека ве следи на секој чекор!