Нашите претставнички на Балканското првенство во Софија, Надја Трпкоска и Нина Гугова, членки на КГС Партизан Орце Николов Скопје, денес пристигнаа во Софија и се подготвуваат за својот прв тренинг. Според нивниот тренер, Петар Стојановски, тие се во врвна форма и целосно подготвени за овој значаен настан.
Им посакуваме многу среќа и успешни настапи. Ве поддржуваме од целото срце!
Со најдобри желби, Канцеларија на ФГСРМ