На 6 септември, во Будимпешта, се одржа состанокот на Федерациите-членки на УЕГ, на кој беше разгледан изборот на претседател на ФИГ, како и членовите на извршниот одбор на ФИГ.
За Европската гимнастичка федерација, важно е да имаме повеќе наши претставници. Поради здравствени проблеми на претседателот Љупчо Арнаудов, наш претставник на состанокот беше Хелена Стрбац, која беше овластена да ги презентира нашите ставови и да го предложи кандидатот за претседател на ФИГ, господин Фарид Гајбов.
Исто така, претставниците на УЕГ беа информирани за уништувањето на единствениот гимнастички центар во Република Македонија од страна на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот Борче Димитриевски, во Општина Битола, Република Македонија. Федерацијата за гимнастички спортови на Република Македонија веќе има отворено предмет и поднесено пријава за кривична одговорност против градоначалникот и секретарот за уништувањето на центарот.
Преку институциите на УЕГ ќе се преземат соодветни мерки.
Состанокот заврши со усвојување на кандидатите за избор на извршните тела на Светската федерација.
Претседател на FGSRSM,
Љупчо Арнаудов