Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Основна организација за гимнастика и гимнастички спортови е клубот за гимнастика и гимнастички спортови.
Клубот може да се формира доколку се исполнети потребните услови и стандарди пропишани со закон и подзаконски акти (стручен кадар, објекти, справи, реквизити и друго).
Клубот не може да работи и да остварува дејност во гимнастиката и гимнастичките спортови пред да се утврди исполнетоста на условите за остварување и вршење на целите од страна на надлежното министерство за спорт. Во рамките на клубот, како облици на дејствување можат да се формираат разни внатрешни организациони единици (секции, спортски школи за одредени сегменти на гимнастиката и гимнастичките спортови и слични форми и облици на дејствување).
Клубот се здружува во Федерацијата на гимнастичките спортови на Република Македонија заради заедничко унапредување на работата и активностите, усогласување, реализирање и целосно спроведување на програмските активности, унапредување на стручната работа, стручно оспособување и усовршување на кадрите, поголема рационалност, функционалност и заштита на објектите, како и остварување на други прашања од заеднички интерес.
Клубот може да се здружи и да основа општински, односно градски сојуз за гимнастички спортови, доколку на територијата на општината, односно градот има најмалку три клуба за гимнастички спортови кои се регистрирани како правни лица. За здружување на Клубот од став 2 од овој член одлучува Извршниот одбор на клубот.