Gymnastics in North Macedonia: A Dynamic Sport

Федерацијата има за цел да придонесува, преку реализирањето и остварувањето на најразлични програмски содржини во гимнастиката и гимнастичките спортови за: бавење со гимнастика и постигнување врвни спортски резултати во областа на гимнастиката и гимнастичките спортови, одржување и подобрување на здравјето, спречување и отклонување на функционалниот степен на деформитети кај децата, создавање на позитивни навики за продолжување на животот со содржајно користење на слободното време преку форми на гимнастички и спортско – рекреативни активности.
Задачи на федерацијата се да се стреми кон развивање, поттикнивање, пропагирање, збогативање, негување, популаризирање, унапредување, организирање и реализирање на најразновидни облици, форми содржини и методи на работа во гимнастиката и гимнастичките спортови, како и во спортската рекреација кај граѓаните од сите возрасти.
Задачи на Федерацијата се особено:
да ги развива сегментите и облиците на активности во гимнастиката и гимнастичките спортови како што се

да презема мерки и активности за подигање на нивото на тренажниот наставно воспитен процес за подобра успешност во развивањето на облиците во гимнастиката и гимнастичките спортови наведени во претходната алинеја, од овој член. За развој на гимнастиката и гимнастичките спортови и постигнување на врвни спортски резултати во оваа област, Федерацијата изготвува посебен концепт заснован на нучни и стручни принципи во кои се содржани соодветните подсистеми ( машка и женска спортска гимнастика, ритмичко-спортска гимнастика, акробатика и други гимнастички потсистеми).